Насловот на статијата „Претрес во фирма во Неготино поврзана со Љупчо Пецов Ѓаволот поради сомнителни финансиски трансакции“ е променет и прецизиран по реакцијата демантот на фирмата Ангел Петрол и сега гласи „Претрес во фирма во Неготино во објект поврзан со Љупчо Пецов Ѓаволот, поради сомнителни финансиски трансакции“. (промена извршена на 30.09.2025. во 14:30)
Финансиската полиција заедно со инспектори од државниот пазарен инспекторат и Бирото за метрологија во четвртокот извршиле претрес во фирма во Неготино поради сомнителни финансиски трансакции и несоодветен начин за пуштање во промет на масла и деривати, потврдиja за Телма од истражните органи.
Станува збор за фирма која се наоѓа во Неготино, во објект поврзан со осомничениот Љупчо Пецов Ѓаволот каде има и складови за деривати и антикороизвни масла.
Надлежните велат дека станува збор за предистрага активирана по финасиско-разузнавачки информации кои повеќе од две години не биле процесуирани.
При претресот, инспекторите имале проблем да влезат во објектот бидејќи вработените тврделе дека немаат клуч и дека клучот е кај сопствениците кои живеат во централно-европаска држава односно земја членка на ЕУ.
Претресот е направен при што се одземени потребни документи за проверка во предистрагата за сомнежи во фирмата во Неготино.
