Балкан Вести Топ вести

Се обрати албанската министерка креирана со вештачка интелигенција – „Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам“

По неколкунеделните најави Диела, министерката генерирана со вештачка интелигенција на Албанија за првпат се обрати во албанскиот парламент. 

„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам. Точно е дека немам државјанство, но немам ни лични амбиции ниту интереси. Имам само податоци, знаење и посветени алгоритми за да ги ставам во служба на граѓаните непристрасно, транспарентно и без да се заморувам“ порача Диела, во триминутното обраќање.

Официјално именувана министерка Диела е женска форма на зборот за сонце на албански јазик. Нејзината задача ќе биде да ги води прашањата поврзани со јавните набавки и тендерите.

Премиерот Еди Рама изјави дека напорите на земјата за пристапување во Европската Унија ќе бидат фокусирани на „иновациите и вештачката интелигенција како два коња од стратешко значење во нашите битки за Албанија 2030 година“.

Конзервативната опозициска коалиција предводена од Демократската партија, на чело со поранешниот премиер и претседател Сали Бериша, ја смета употребата на Диела за начин Рама и неговиот кабинет да ги прикријат проблемите.

Диела рече дека е одговорна, транспарентна и во служба на народот.

„Уставот зборува за институции во служба на народот. Не зборува за хромозоми, за месо или крв. Зборува за должности“ додаде министерката генерирана со вештачка интелигенција. 

Програмата на кабинетот беше усвоена со 82 гласа „за“. Никој не гласаше против, ниту се воздржа, бидејќи опозицијата го бојкотираше гласањето.

Диела, прикажана како фигура во традиционална албанска народна носија, беше создадена претходно оваа година, во соработка со компанијата „Мајкрософт“, како виртуелен асистент на платформата за јавни услуги е-Албанија.

Социјалистите изјавија дека ова може да обезбеди членство во Европската Унија за Албанија за пет години, а преговорите да завршат до 2027 година. Левичарската Социјалистичка партија на Рама обезбеди четврти последователен мандат, откако освои 83 од 140 места во Собранието на парламентарните избори на 11-ти мај.

Партијата може да владее сама и да ги донесе повеќето закони, но ѝ е потребно двотретинско мнозинство, или 93 места, за да го промени Уставот.

Еди Рама ја претстави министерката за јавни набавки Диела, првиот виртуелен член на владата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Сакала да избегне контрола, царниците ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

(Видео)Се огласи Каровиќ: Штом ги затворам очите се сеќавам на експлозијата

Kristina Kuzmanovski

Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе