Додека остатокот од Европа се расправа околу безбедноста и обемот на имплементација на вештачката интелигенција, Албанија на чекор да ја користи за да го забрза пристапувањето во ЕУ.
Според премиерот Еди Рама дури и се размислува за министерство водено од страна на вештачка интелигенција. Минатиот месец албанскиот премиер ја спомена вештачката интелигенција како алатка за искоренување на корупцијата и зголемување на транспарентноста, велејќи дека технологијата наскоро би можела да стане најефикасен член на албанската влада.
„Еден ден, можеби дури и ќе имаме министерство целосно управувано од вештачка интелигенција“, рече Рама на прес-конференција во јули, додека дискутираше за дигитализацијата. „На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси“, тврдеше тој.
„Локалните програмери би можеле дури и да работат на создавање модел на вештачка интелигенција за избор на министер, што би можело да ја доведе земјата до „првата што ќе има цела влада со министри за вештачка интелигенција и премиер“, додаде Рама.
И покрај тоа што не е се преземени формални чекори Рама рече дека идејата треба сериозно да се разгледа.
Бен Блаши, поранешен политичар од владејачката партија и автор со голем интерес за вештачката интелигенција, рече дека верува оти нема од што да се плашиме од технологијата и дека државите управувани од вештачка интелигенција се реална можност што би можела да го сврти нашиот концепт за демократија наопаку.
„Зошто мора да избираме помеѓу две или повеќе човечки опции ако услугата што ја добиваме од државата може да ја извршува вештачката интелигенција?“, рече Блуши. „Општествата подобро ќе бидат водени од вештачката интелигенција отколку од нас, бидејќи таа нема да прави грешки, не ѝ треба плата, не може да биде корумпирана и не престанува да работи.“
Албанија долго време се соочува со високи стапки на корупцијата во сите сфери на општеството, а политиката дополнително не е исклучок. Моментално лидерот на опозицијата Сали Бериша се соочува со судење поврзано со корупција, како и поранешниот премиер и претседател Илир Мета.
