Вести Свет Топ вести

Еди Рама ја претстави министерката за јавни набавки Диела, првиот виртуелен член на владата

Премиерот Еди Рама ги претстави имињата на новиот владин кабинет. Дел од нив првпат ќе седнат во владата, а дел веќе воделе некое министерство.

Мотото за четиригодипниот мандат гласи „Нова волја за четвртиот мандат“, Рама вети пристап кон новите предизвици и наследените проблеми.

Претходно, Рама ги предложи Нико Пелеш за претседател на Собранието и Клодијана Спахиу за заменик-претседател.

Лидерот на социјалистите, исто така, Таулант Бала e назначен за претседател на парламентарната група на СП.

Во иновативен и неочекуван чекор за албанската јавна администрација, премиерот Еди Рама денес го претстави најновиот министер во кабинетот – Диела, првиот виртуелен член на владата.

Со посебен мандат и структура прилагодена на предизвиците на дигиталното доба, Диела ќе го преземе раководството во јавните набавки во четвртиот мандат на владата.

„Нова министерка, Диела, со дигитален печат. Диела, првиот член кој не е физички присутен, туку виртуелно е создаден, ќе има адаптирана структура и посебен мандат да ги сруши стравовите, бариерите и ограниченоста на администрацијата“, изјави Рама за време на својот говор.

Именувањето на Диела доаѓа како дел од напорите за воведување на технологијата и вештачката интелигенција подлабоко во функционирањето на државата, кршејќи ги традиционалните граници на бирократијата и зголемувајќи ја транспарентноста во деликатен сектор како што се јавните набавки.

Оваа одлука сигнализира голема трансформација во начинот на кој албанската влада ја замислува и ја врши административната моќ, воведувајќи ја технологијата не само како алатка, туку и како активен учесник во управувањето.

Список на министри:

  • Нико Пелеши, претседател на албанскиот парламент
  • Клодијана Спахиу, заменик-претседател на албанскиот парламент
  • Таулант Бала, претседател на пратеничката група на Социјалистичката партија
  • Белинда Балуку, заменик-премиер, министер за инфраструктура и енергетика
  • Албана Кочиу, министер за внатрешни работи
  • Елиса Спиропали, министер за Европа и надворешни работи
  • Петрит Малај, министер за финансии
  • Бленди Гонџја, министер за култура, туризам и спорт
  • Софијан Јаупај, министер за животна средина
  • Мирела Кумбаро, министер за образование
  • Евис Сала, министер за здравство
  • Делина Ибрахимај, министер за економија и иновации
  • Бесфорт Ламалари, министер за правда
  • Пиро Венгу, министер за одбрана
  • Андис Сала, министер за земјоделство
  • Мајлинда Дука, државен министер и главен преговарач со ЕУ
  • Ервин Демо, Државен министер за локална самоуправа
  • Тони Гогу, државен министер за односи со Парламентот.

Албанија со вештачката интелигенција за побрз влез во ЕУ и борба против корупцијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе