Вести Свет Топ вести

Три жртви во големиот руски напад врз Киев

Се зголеми бројот на загинати лица по големиот руски напад врз Киев кој се случи ноќта меѓу сабота и недела. Спасувачките служби денеска пронајдоа уште едно тело во урнатините на деветкатница погодена од нападот, со што вкупниот број на жртви достигна три.

Меѓу загинатите се и мајка и нејзиното тримесечно бебе.

Во најголемиот воздушен напад врз украинската престолнина од почетокот на војната, Русија испратила 810 дронови и ракети кон Киев.

Украинската воздушна одбрана успеала да неутрализира 747 дронови и 4 ракети, но дел од нападот сепак успеал да предизвика значителна материјална штета.

Погодена е деветкатница во која делумно се урнати неколку спрата, а во нападот биле повредени и повеќе луѓе.

Овој напад дополнително ги зголеми тензиите и стравувањата кај цивилното население во главниот град на Украина, кое веќе долго време живее со заканата од руски воздушни напади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе