Вести Свет

„Ел Паис“: Шпанија ќе ги прогласи премиерот Бенјамин Нетанјаху и дел од министрите за персона нон грата

Шпанија планира да одобри целосно и моментално ембарго на оружје за Израел, а можно е и прогласување на премиерот Бенјамин Нетанјаху и дел од министрите за персона нон грата, објави весникот „Ел Паис“.

Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека владата во Мадрид подготвува забрана на сите директни и индиректни договори за оружје или воена технологија со израелски јавни и приватни компании, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Владата на премиерот Педро Санчез во последните месеци откажа неколку значајни договори со израелски фирми. Според „Ел Паис“, новата мерка треба да стапи во сила веднаш оваа недела и ќе биде усвоена со кралски декрет.

Шпанија е долгогодишен критичар на израелската политика кон Палестинците. Минатиот месец, во шпанскиот парламент, Санчез ја нарече израелската држава „геноцидна“.

Министерот за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, во јули изјави дека Шпанија ќе побара „непосредна суспензија“ на договорот за соработка меѓу Европската Унија и Израел, како и дека ќе ги повика партнерите да воведат ембарго.

Шпанија веќе го налути Израел со признавањето на палестинската државност во мај 2024 година, кога им се придружи на Ирска и Норвешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе