Вести Свет

ЕК го казни Гугл со 2,95 милијарди евра за кршење на антимонополските правила

Европската комисија го казни Гугл со 2,95 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила со спречување на конкуренцијата на пазарот на рекламни технологии, и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни тарифи на ЕУ „доколку дискриминира американски компании“.

Американскиот технолошки гигант ги фаворизира своите услуги на штета на конкуренцијата на пазарот на огласувачи и онлајн издавачи, објави ЕК.

Гугл сега мора да предложи сериозен лек за решавање на своите конфликти на интереси, а ако не го стори тоа, нема да се двоумиме сами да ги воведеме. Дигиталните пазари постојат за да им служат на луѓето и мора да се засноваат на доверба и праведност. А кога тоа не успее, јавните институции мора да дејствуваат за да ги спречат доминантните играчи да ја злоупотребуваат својата моќ, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза ​​Рибера.

Комисијата првично имаше намера да ја изрече казната во понеделник, но тоа беше спречено од европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович, поради континуираните закани на Трамп за нови тарифи.

Гугл сега има 60 дена да ја извести Комисијата како планира да го реши овој конфликт на интереси и да ја елиминира злоупотребата.

Денешната казна е помала од казната од 4,34 милијарди евра што извршната власт на ЕУ му ја изрече на Гугл во 2018 година за злоупотреба на доминацијата на Android, но е повисока од 2,42 милијарди евра со кои се соочи компанијата за фаворизирање на својата услуга за споредба на цени во 2017 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе