Вести Свет

Трамп го повика Хамас да ги ослободи сите израелски заложници

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно го повика Хамас да ги ослободи сите израелски заложници, со што би завршила војната во Појасот Газа.

Му велам на Хамас ВЕДНАШ да ги ослободи сите 20 заложници (не два, ниту пет, ниту седум!) и ситуацијата брзо ќе се промени. ЌЕ ЗАВРШИ!, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Војната во Појасот Газа почна на 7 октомври 2023 година по нападот на Хамас врз Израел. Според израелските податоци, тогаш биле убиени околу 1.200 луѓе, а 251 заложник биле земени како заложници во Појасот Газа.

Според информациите од Министерството за здравство на Хамас, бројот на жртви во палестинската енклавата за време на одмаздничката израелска офанзива веќе надминал 63.000 луѓе.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ обвини: ЈСП пропаѓа додека „Маратон“ наплаќа државни пари за реклами во автобусите

Sasko Dimovski

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе