Вести Свет Топ вести

САД ги суспендираа визите за речиси сите палестински пасоши

Соединетите Американски Држави ги суспендираа визите за речиси сите лица кои поседуваат палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани официјални извори.

Новата мерка е построга и од претходните ограничувања воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, кои се однесуваа на патници од Газа. Актуелната мерка ќе им оневозможи на Палестинците патувања во САД за медицински третмани, студии или деловни активности, наведува весникот.

Државниот секретаријат пред две недели најави прекин на издавањето визи за жителите на Газа сè додека трае „целосна и темелна ревизија“, што беше осудено од прoпалестински организации.

Во петокот, американските власти започнаа и со одземање и одбивање визи за членови на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и на Палестинската управа (ПА), во пресрет на септемвриското заседание на Генералното собрание на ОН, потврди Стејт департментот.

Како домаќин на Обединетите нации, САД имаат обврска да издаваат визи за претставници кои учествуваат на заседанијата, но Вашингтон наведе дека го почитува договорот со тоа што ѝ дозволува на палестинската мисија присуство на собирот.

Администрацијата на Трамп јасно стави до знаење: во интерес на националната безбедност е да ја држиме ПЛО и ПА одговорни за непочитување на нивните обврски и за подривање на перспективите за мир, се наведува во соопштение на Стејт департментот.

Со новите мерки САД дополнително ја усогласуваат својата политика со владата на Израел, која силно се противи на создавање палестинска држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе