Мирсад Пушка обвинет во предметот Синдром починал вчера во притворското одделени во затвор во Шутка. За смртта на притвореникот кој е зад решетки 4 месеци со повеќе дијагнози меѓу кои и канцер, алармираше неговиот роднина адвокатот Асмир Алиспахиќ на социјалните мрежи. Тој не бил вклучен во одбраната на Пушка но смета дека не ја добивал потребната здравствена нега и иако судот издавал наредби не бил секогаш носен во болница.
„Човек кој има сериозни дијагнози можел и дома да почине, но тој требало да прима секојдневна терапија. Вие ги знаете условите во затворите, таму нема основни услови за секојдневен живот а најмалку да примаат терапии какви што требало да ги прима 24/7 човек со ваква дијагноза“ адвокатот Асмир Алиспахиќ.
Алиспахиќ посочува дека состојбата на Пушка само се влошувала откако влегол во притвор. Апелира до сите институции почнувајќи од управата за извршување на санкции дека треба повеќе да посветат на притворениците и затворениците со сериозни здравствени проблеми но и да се подобрат условите за да не се повтори
Колегата адвокат од првиот момент укажал на неговата здравствена состојба и за мене од неразбирливи причини обвинителство предложило притвор кој опстојувал до сега. Се надевам дека овој апел ќе допре до секого. Станува збор за функционеирање на систем“ рече Алиспахиќ.
Директорот на затворот Скопје Бобан Утковски, во телефонски разговор за Телма а вели дека на Пушка му се слошило вчера викнале брза помош која констатирала дека потребно е итно да се носи во болница, по што од затворот побарале и добиле усна согласност од судијката. Во меѓувреме почнал да губи свест а не помогнале ниту обидите за реанимација. Утковски тврди дека притворениот секогаш кога имало наредба од судот бил спроведуван во болница и враќан назад затоа што не бил хоспитализиран.
Од Кривичниот суд велат дека биле информирани за други дијагнози но не и дека обвинетиот има канцер. Предлог да му се укине притворот добиле во петокот
„При сослушување, ниту обвинетиот лично ниту преку бранителот известиле дела боледува од рак. За време на издржувањето на мерката притвор од страна на судот редовно и навремено истиот е спроведуван на сите потребни медицински прегледи. Веќе определената мерка судот може да ја промени по предлог на странките, а бранителот на обвинетиот таков предлог поднесе во петокот на 29 август. За да може да се одлучи по истиот предлог, законот го задолжува судот претходно да добие мислење од надлежен јавен обвинител, и ова постапување е во таа фаза. Судот изразува длабоко жалење за загубата на човечкиот живот“ велат од Кривичен суд.
Пушка е еден од 36-те обвинети во предметот со кодно име синдром кој се однесува на поткуп и други злоупотреби во постапките за издавање на инвалидски пензии и туѓа нега.
Тој бил еден од 9 мината кои на стартот на истрагата во април добиле ефективен притвор и од тогаш бил во Шутка. Во меѓувреме на 22 јули обвинителство за гонење организиран криминал поднесе и обвинение кое и сè уште не е оценето
Елена Ивановска Мукоска
