Вести Свет Топ вести

Со патролно возило на министерство за економија сакале да пренесат 150 килограми кокаин

Со патролно возило на министерство за економија и беспрекорно маскирани во униформи, двајца Парагвајци се обиделе да пренесат 150 килограми кокаин во општината Гуарапуава во бразилската држава Парана.

Двајца Парагвајци најпрвин биле уапсени од Федералната автопатска полиција која ги стопирала, бидејќи се посомневала во возилото кое го управувале. Возилото имало лого и натпи „Министерство за економија“ кое требало да биде „Министерство за финансии“ на португалски јазик.

Кога го запреле наводното патролно возило, наишле на униформирани мажи, но откако размениле неколку зборови, сфатиле дека не припаѓаат на институцијата. Брзата проверка открила дека возилото превезувало неколку тули кокаин со тежина од над 150 килограми. Покрај дрогата, тие носеле и 100 луксузни мобилни телефони.

Парагвајците изјавиле дека возилото со товарот им било доставено во општината Санта Тересиња де Итаипу и дека требало да го одвезат до главниот град на државата, Куритиба. Тие веќе поминале речиси 400 километри кога биле откриени. Двајцата биле уапсени in „flagrante delicto“ и предадени на Федералната полиција во Гуарапуава. Засега нивниот идентитет не се открива, бидејќи надлежните се сомневаат дека може да е поврзано и со криминални дејствија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе