Вести Македонија

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Општинската работна група за преименување улици во Тетово, која беше формирана во јануари годинава, определила 74 имиња на вчерашната втора седница, а најавија засилена динамика за реализација на овој процес. Претседателот на групата, а воедно и заменик градоначалник Алби Ќамили, објави дека Скендербег, Мајка Тереза и Браќата Фрашери, Исмаил Кадаре и Миѓени, ќе бидат новите називи на дел од улиците во Тетово.

„Улиците каде што живеат нашите сограѓани Македонци веќе нема да носат југословенски имиња, туку имиња на личности од македонската историја и култура, како Крсте Петков Мисирков и други, напиша Алби Ќамили на Фејсбук.

На ова реагираше Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово со оцена дека има видлива непропорционалност на списокот со 74 имиња. Само мал дел од нив се на Македоцни или на други етникуми.

„Анализата на сите 74 потврдени имиња упатува на јасна тенденција по секоја цена на сила да се албанизираат тетовските улици, па наместо вистински да го рефлектираат мултиетничкиот, мултикултурен развој на градот како урбана средина со своја општествена, културна, спортска и јавна димензија, се потврдуваат и предлагаат луѓе од други држави со албанско етничко потекло кои немаат никаква врска, допирна точка, ни поврзаност со градот Тетово, со тетовчани, ниту со Македонија“, велат од Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово.

Покрај општинскиот процес за преименување улици, слична иницијатива предложи и ДУИ во понеделникот на седница на Советот која не беше изгласана. Процес на преименување на улици имаше во 2007 година, кој во јуни годинава Уставен суд го укина како незаконски.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе