И покрај обидот за посредништво на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната меѓу Украина и Русија, нападите продолжуваат. Најмалку едно лице загина, а 28 се повредени, меѓу кои и деца, по руски ракетен напад во Запорожје во јужна Украина при напад на станбена зграда.
Со дронови и проектили предизвикани се големи пожари, кои во текот на ноќта се гаселе од страна на противпожарните служби. Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Москва дека го користи времето доделено за подготовка на состаноци за примирје, и наместо тоа планира нови масовни напади.
Од друга страна руските медиуми пренесуваат дека се погодени рафинерии за нафта во областа Краснодар и Самара. Забележани се експлозии и детонации, а активиран е ѝ системот за противвоздушна одбрана. Русија потврди дека станува збор на украински напад со дрон кој предизвикал огромни штети на околу 300 квадратни метри.
Руското министерството за надворешни работи ја префрла вината на украинските власти дека го саботираат преговарачкиот процес, додека Украина, пак побара итна седница на Советот за безбедност при Обединети нации. Европските министри денес се на работен состанок во Копенхаген да разговараат за евентуалниот мировен договор меѓу Русија и Украина.
