Вести Македонија Најважни

Антикорупциска му остави на Собранието само да одлучи дали е законски да се избира нов претседател на ДКСК по оставката на обвинетата Димитровска

Антикорупциската комисија во одговор до Телма појаснува дека нема да дава мислење на Собранието за почнатата процедура за избор на нов претседател на ДКСК во предизборен период.

Од ДКСК велат дека законот има одредба за нови вработувања во изборен период и дека Собранието треба да си постапи по неа или да си побара автентично толкување.

Во продолжение одговорот на ДКСК до Телма, за процесот на избор на нов претседател на Антикорупциска откако претходната претседателка си даде оставка откако беше обвинета за оддавање на службени тајни од предметите на ДКСК:

ДКСК согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси нема надлежност да дава мислење/согласност по доставените барања за мислење за постапувањето на државните органи во текот на изборниот процес, за што ги информиравме сите државни органи, политичките партии и јавноста.

Во врска со распишаниот јавен оглас за избор на Претседател на ДКСК надлежен орган за спроведување на постапката е Собранието на Република Северна Македонија кое треба да донесе одлука дали ќе ја продолжи постапката. Имајќи предвид дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, доколку цени дека одредбата од членот 8-а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик создава дилеми при примената треба да даде автентично толкување со цел јасно и прецизно да се определи опфатот на споменатата законска одредба заради нејзина доследна примена и обезбедување на правна сигурност за граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе