Вести Македонија Најважни

Стартува полагањето државна матура во августовскиот рок- на испитната сесија пријавени 1118 ученици

Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит – мајчин јазик и литература. На 14 август, пак, е полагањето на вториот, изборен екстерен испит од државната матура во августовската испитна сесија.

Според податоците на Државниот испитен центар, за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици. Тестот по мајчин јазик денеска ќе го полагаат:  352 –  македонски јазик, 225 – албански јазик и девет кандидати – турски јазик.

За полагањето задутре се пријавени: за англиски јазик –  779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.

Според видот на образование, од гимназиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 матуранти од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.

МОН и ДИЦ минатата недела ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година. Посечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.

Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15 004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици и тие  ќе може повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе