Вести Македонија Најважни

Гаши ги распиша локалните избори на 19 октомври

Локалните избори ќе се одржат, в недела, на 19 октомври. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги распиша осмите по ред локални избори, чиј прв круг избори за градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, додека вториот круг од изборите ќе се одржи на 2 ноември, таму каде што изборите нема да завршат во првиот круг.

Гаши распишувајќи ги денеска изборите информираше дека во текот на изборната кампања, која започнува дваесет дена пред одржувањето на изборите, односно во последните денови од септември, Собранието нема да одржува пленарни седници.

„Оваа одлука има цел да се избегне злоупотребата на собраниската говорница за изборни цели и да им овозможи на пратениците целосно да се посветат на комуникацијата со граѓаните“, напиша Гаши во пишната изјава испратена до модиумите по распишувањето на изборите.

Гаши притоа напиша дека изборите не се прост технички процес, туку се суштина на демократија, со очекување претстојните избори да бидат доказ за демократската зрелост, каде се почитуваат правилата, достоинството, се одразува слободната волја на граѓаните, без притисоци или на манипулации.

„Затоа, упатувам јасен и искрен повик до сите политички сили, кандидати и соодветни структури да покажат висок степен на политичка култура. Да избегнуваат каква било форма на притисок, разделбен говор и секој обид за инструментализација на институциите и на јавните ресурси за партиски интереси. Ова е процес што треба да се фокусира на граѓанинот, на неговите реални потреби и предизвици, и на конкретните решенија што секој кандидат треба да ги понуди“, стои во писмената изјава на Гаши.

Според Изборниот законик Гаши требаше да ги распише избори во рок од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите. Изборот на Гаши е долната граница за одржување на изборите од 70 дена од распишувањето.

Инаку од денеска, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборите, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го усвои Државната изборна комисија. Од ДИК најавија дека, Комисијата попладнево ќе одржи седница на која ќе биде донесен роковникот за претстојните локални избори.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе