Повеќе од две третини Украинци, поточно 69 отсто, сакаат војната да заврши со преговори што е можно поскоро, покажува новото истражување на американскиот институт Галуп, спроведено меѓу 1 и 14 јули. Тоа претставува драстичен пресврт во однос на 2022 година, кога само 22 отсто испитаници беа за преговори, додека 73 отсто тогаш даваа поддршка за продолжување на борбите до конечна победа. Денеска, пак, 24 отсто се изјасниле позитивно за борба до пораз на Русија.
Најголем дел од Украинците, сепак, не веруваат дека војната набрзо ќе заврши. Само 25 отсто од нив сметаат дека постои реална шанса за завршување на активната фаза на војната во рамки на наредните 12 месеци, а „само“ 5 отсто веруваат дека такво нешто е „,многу веројатно“. Од друга страна, дури 68 отсто од анкетираните веруваат во можен крај на војната до август во 2026 година.
Истражувањрто на Галуп покажува и драстичен пад на поддршката на украинските граѓани во американската администрација. Додека во 2022 година, 66 од Украинците има доверба во лидерството на САД, денеска такво мислење имаат 16 отсто од граѓаните. Со недоверба кон властите во Вашингтон гледаат 73 отсто Украинци. Падот на довербата се поклопува со враќањето на Трамп во Белата куќа. Пад, според анкетата на Галуп, бележи и довербата во украинскиот претседател Володимир Зеленски кому му веруваат 35 отсто од граѓаните.
