Психичката состојба на Раде Трајковски Штекли повторно го одложи денешното судење, бидејќи вештаците на одбраната и на обвинителството се со спротиставени мислења. Дали обвинетиот за трговија со дрога наместо зад решетки треба да е хоспитализиран на клиниката за психијатрија или пак е способен да ги следи рочиштата. Трајковски кој преживеа три обиди за убиство облечен во бела кошула слушаше извадоци од вештачењето на психијатарот ангажиран од неговата одбрана.
„Пред три години, Трајковски почнал да се повлекува од средината и имал окултни активности и имагинарен учител кој го подучува на патот на вечниот живот. Овие бизарни активности потполно го преокупираат, со идеи на прогон и поставил камери во живеалиштето и настаните ги толкува како албанската мафија и полицијата да се здружиле против него и го прогонуваат“, вештачење на Ѓорге Хаџи Ангеловски за потребите на одбраната.
Според вештачењето на одбраната, Трајковски имал визуелни акустични халуцинации и страда од психотично растројство со шизофрени карактеристики. Додека пак вештачењето изготвено по барање на ОЈО ГОКК дава различна слика на здравствената состојба на Трајковски.
„Обвинетиот има зачувана моќ на расудување и свесност за своите постапки и без тешкотии може да го следи судењето. Разграничува битно од небитно, како и исправно од неисправно“, вештачењето на Оливера Суботин Поповска за потребите на ОЈО ГОКК.
Обвинителката Верица Бержетска Крстева посочи дека вештачењето по барање на обвинителството за разлика од тој на одбраната содржи произнесување и на психијатар и на психолог и медицинска документација на Трајковски од мој термин и од затворот во Скопје.
„Доколку е потребно, обвинителство ќе обезбеди и докази од ехстрахираните податоци од мобилениот телефон на обвинетиот во насока на тоа какви нарушувања изразува изминатите години и дали тие се јавуваат порано или од отпочнувaњето на судската постапка, рече обвинителката, Верица Бержетска Крстева.
Судијата Илија Трпков за следното рочиште ги повика вештаците да ги објаснат дијагнозите.
„Многу битниот факт дали обвинетиот воопшто е способен да го прати текот на ова судење, активно да учествува во него. Инаку без расчистување на овој факт судот ќе направи многу голема процесна повреда и мислам дека е многу правилно што прифати да бидат сослушани двете вешти лица и на одбраната и на обвинителството“, рече адвокатот Сашко Дуковски кој го брани Дуковски.
Четворица обвинети од групата на Трајковски признаа вина. Претходно и седумина од групата која се бавела со трговија на марихуана и кокаин се спогодија со обвинителството и добија казни од 3 до 5 години затвор. На обвинителна клупа заедно со Трајковски останаа уште само 6 лица.
Трајковские е во притвор од јануари кога беше уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија. И минатото рочиште се одложи откако Трајковски не се појави во Кривичнот суд, бидејќи бил неконтактибилен и дезориентиран во сите правци.
Марија Митевска
