Вести Најважни Свет

ОН: Ќе има „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа

Проширувањето на израелската воена операција во Појасот Газа би имало „катастрофални последици“, предупредуваат ОН.

-Меѓународното право е јасно по ова прашање – Газа е и мора да остане составен дел од идната палестинска држава, рече Мирослав Јенка, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, за време на вонредниот состанок на Советот за безбедност за конфликтот.

Во меѓувреме, израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид предупреди на социјалната мрежа „Х“ дека таквите намери на владата на Бенјамин Нетанјаху „ќе доведат до смрт на сите заложници“. Тој посочи дека преостанатите израелски заложници што ги држи Хамас во Газа ќе умрат од глад, тепања, тортура, па дури и за време на израелската воена операција ако армијата преземе акција за заземање на целата енклава.

Од 250 лица киднапирани од палестинската група за време на нападот на 7 октомври 2023 година, се проценува дека 50 сè уште се држат во Појасот Газа, а се верува дека околу 20 од нив се сè уште живи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе