Министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер, на Клиниката за детски болести во Скопје, со најава за воведувањето на формалното основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување.
-Дефинитивно, овие деца со канцер, покрај лекување во болница, се рехабилитираат во домашни услови. Наставникот определен за детето може да го посети во домот, доколку има услови и дозволи здравствената состојба на детето, или преку онлајн да го совладуваат потребниот материјал. Но, покрај тоа што тие нема да ја изгубат годината, тие ќе бидат и мотивирани. Дали во клиника, дали во домашни услови или во центар за рехабилитација, наставата ќе се одвива, а со тоа и социјализацијата на овие деца, истакна Јаневска.
Нагласи дека придобивката од проектот е повеќекратна и дека децата ќе почувствуваат емпатија од училиштето, од нивните другарчиња и наставниците.
–Придобивката е повеќекратна и навистина ми е жал што досега ова не било остварено, додаде министерката за образование и наука, додава Јанвеска.
