Вести Македонија Најважни

Нов оглас за Стразбур до крајот на август – обвинителката Ристовска прашува дали владата го поништи првиот конкурс поради нејзините предмети

Во петок ќе имаме онлајн состанок, а на крајот на август, прва средба на која ќе биде изран претседателот на комисијата за избор на тројца кандидати за Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ни изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски кој е нов член на новата комисија, откако владата го поништи првичниот избор на првата комисија со кратко објаснување дека кандидатите не ги исполнувале критериумите.

„На 25-ти (н.з. август) ги поканив членовите на Комисијата на состанок во Уставниот суд, да седнеме и конкретно да почнеме со работата. Во одлуката за формирање на комисијата имаме јасни надлежности, имаме неколку чекори за да се комплетира целиот процес. Прва работа што не очекува е да распишеме јавен оглас“, ни изјави Костадиновски, претседател на Уставниот суд, кој е и член на новата Комисија.

Обвинителката Ленче Ристовска која беше меѓу тројцата избрани кандидати по нејзините тврдења дека процедурите биле згрешени, а по ставот на владата се очекувало да го поништи изборот, во интервју за Призма вели дека размислува да не се кандидира на новиот конкурс.

„Тоа не е прашање само на лична волја, туку и на принцип. Размислувам да не се кандидирам, бидејќи така би му дала легитимитет на новиот избор, а би го делегитимирала стариот“, изјавила Ристовска во интервјуто.

Не е јасно ниту дали тројцата кандидати ќе може да се кандидираат и бидат бирани повторно, бидејќи владата со своја одлука ги прогласи за несоодветни за судии во Стразбур.

Костадиновски вели дека пријавувањето е слободно и секој може да се пријави, а негова цел, и задача на комисијата е да се изберат најдобрите кандидати чиј список ќе биде веднаш испратен на проверка и потврда во Стразбур.

„Се надеваме дека ќе имаме квалитетни кандидати од кои ќе го направиме изборот на тројца за кои ние ќе сметаме дека се најстручни, најкомпетентни и најсоодветно ќе одговораат на таа должност. Следниот чекор е тој предлог од тројца кандидати да го доставиме до Меѓународниот панел на експерти на Советот на Европа, со цел да обезбедиме мислење дали ги исполнуваат критериумите. Значи, тоа е еден многу важен чекор во постапката, па дури од кога ќе го добиеме мислењето на експертскиот Панел на Советот на Европа, ние дури тогаш ќе го доставиме предлогот за избор на тројца кандидати на владата“, ни изјави Костадиновски.

Обвинителката Ристовска, пак, без многу детали ги спомна и предметите кои ги води како можна причина за владиното поништување на првиот конкурс.

„Не би сакала да верувам дека мојата јавнообвинителска работа и предметите по кои постапувам имаат врска со одлуката на владата“, рече обвинителката Ристевска во интервјуто за призма.мк.

Еден од предметите кои Ристевска ги води, „Талир 2“, е директно поврзан со имотот на ВМРО-ДПМНЕ, а судот веќе три и пол месеци одлучува по барањето на партијата, имотот, партиското седиште и штабови низ Македонија, да бидат „одмрзнати“ и да се вратат под владение на владеачката партија. Ристовска дала негативно мислење за „одмрзнување“ на имотот.

Владата на 22 јули ја поништи постапката за избор на тројцата кандидати за Стразбур, адвокатот Јордан Апостолски, судијката Габриела Гајдова и спомнатата Ристовска. Освен неисполнување на критериумите, премиерот Мицкоски наведе дека вистинската вистина ја кажува владата и дека новата комисија ќе избира независно и стручно, во состав на првите луѓе на пет судски институции (Уставен суд, Врховен суд, Основен Кривичен и Основен Граѓански суд и Академијата за судии и обвинители).

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе