Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска, денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат резултатите од државната матура во јунскиот рок за учебната 2024/2025 година.
Оваа година, првиот екстерен испит – задолжителниот мајчин јазик и литература, се полагаше на 31 мај, додека вториот, изборен испит, беше на 11 јуни.
Учениците што не ја положија матурата во јуни, или не ги положија сите делови, ќе имаат нова можност во августовската сесија – испитот по мајчин јазик ќе се одржи на 12 август, а изборниот предмет на 14 август.
Според податоците од претходните години, просечната оценка од државната матура бележи благ пад: во 2021 изнесуваше 3,61, во 2022 – 3,78, во 2023 – 3,65, а лани, во 2024 – 3,25.
Државната матура се организира од 2007 година, освен во 2020 кога беше откажана поради Ковид-пандемијата.
