Вести Македонија Најважни

Ристовски: Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се редуцира на 1.000 учесници

Министерот за спорт Борко Ристoвски признава за дел од пропустите на Европскиот младински олимписки фестивал, но како што вели во интервју за Радио Слободна Европа навремено предупредил за можните пропусти.

Вели дека уште во март или април разговарал со претседателот на Европскиот Олимписки комитет и укажал дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака голем и масовен настан.

Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата што за младинци што се одржува во Македонија, или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени, бевме одбиени од причина што веќе било премногу касно за да се откаже Олимпијадата за младинци, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме ние дека дека ние немаме капацитет за да за да организираме вака еден масовен настан, вели ристовски.

Ристовски додава дека улогата на Министерството за спорт во организација на овој настан е само логистичка и не може да биде организатор, заради немешањето на политиката во овој случај потписници се Градот и Олимпискиот комитет.

Самото тоа, додава Ристовски, кажува дека Олимпискиот светски комитет и Европски не дозволува мешање на политика во Олимписките игри и во Олимпизмот генерално. Скопје беше домаќин на Европскиот младински олимписки фестивал кој се одржуваше од 20 до 26 јули, со над 4.000 учесници и 700 волонтери, правејќи го еден од најголемите младински спортски настани во Европа.

Скопје, заедно со Куманово и Осиек, ги пречекаа спортистите, тренерите и поддржувачите за да ги прослават младите, спортот и единството низ цела Европа.

Aко мене ме прашувате, кога ќе потпишувате еден ваков договор за сериозна организација, мора државата да даде заедно со градот којшто е домаќин или Олимпискиот комитет да работи на организација барем минимум две до три години, за да се создадат услови за беспрекорно работење или функционирање, одвивање на оваа Олимпијада. Зборувам сега за делот за во одредени сали кај што немаше ладење, да се стават клими уреди да се направи ладење, вели министерот.

Во меѓувреме реагираше и опозициската СДСМ дека Ристовски треба веднаш да си поднесе оставка за хаосот во спортот:

Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил со Младинската олимпијада е најголемиот дебакл во поновата спортска историја на државата. 

Младинската олимпијада ја следеа низа пропусти од неклиматизирани спортски сали и несоодветно сместување, до поплаки за лоша организација. Град Скопје уште за време на одржувањето на Олимпијадата отфрли одговорност за организацијата велејќи дека за тоа се задолжени Македонскиот олимписки комитет и министерот за спорт.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе