Вести Македонија Најважни

Нејасно како владата утврдила дека кандидатите за Стразбур не исполнуваат услови

Нејасно е како владата утврдила дека предложените кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур не ги исполнуваат критериумите, кога Комисија формирана од Владата токму за таа цел претходно утврди дека критериумите биле исполнети.

Комисијата во април распиша јавен оглас за избор на кандидати за судија во Стразбур. Се пријавија 20-тина кандидати, а оние што ги исполнувале условите, потоа беа интервјуирани од деветчлената Комисија, која врз основа на биографиите и интервјуата состави листа од тројца кандидати за судија во Стразбур – обвинителката Ленче Ристоска, апелационата судијка Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски. Сега владата ја поништи листата. Институтот за човекови права оценува дека се работело за исклучително транспарентна постапка.

„Зошто, како, врз основа на кои критериуми и механизми Владата утврдила дека овие кандидати не се доволно добри и не ги исполнуваат условите, ние сè уште немаме никакви информации. Она што можеме да кажеме дека со оваа постапка не само што се фрла сомнеж и се дискредитираат самите кандидати, туку се дискредитира и работата на самата комисија, бидејќи овој пат“, вели извршната директорка на Институтот за човекови права Јелена Кадриќ.

Владата не соопшти кои критериуми не биле исполнети „од почит кон интегритетот на процесот и личниот и професионален интегритет на сите номинирани“. Сепак, две од кандидатките – Ристоска и Гајдова бараат владата да каже што не исполнуваат.

„Би требало Владата, за да нема какви било шпекулации или сомнежи во таа одлука, без разлика што имаше изјави дека не сакале да ги дискредитираат кандидатите, меѓутоа, за задоволување на транспарентноста и отчетноста на оваа владина одлука, би требало Владата да излезе и да каже во кој дел и кои се тие критериуми коишто претходната комисија утврдила дека се исполнети, а владата одлучила дека сепак не се исполнети“, вели Кадриќ.

Листата требаше да биде испратена во Стразбур на мислење, но Комисијата не ја испратила, туку прво ја дала во Владата, која ја чуваше во фиока. Изборот на судија го врши Парламентарното собрание на Советот на Европа од предложените тројца кандидати, но владата ја поништи листата.

Сега владата ја распушти оваа Комисија и формира нова, која ќе треба да ја почне целата постапка за избор на кандидати од почеток. Со оглед на тоа што листата треба да биде испратена во Стразбур 6 месеци пред престанокот на мандатот на досегашниот судија, веројатно дека роковите ќе бидат пробиени.

Македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од 2017 е Јован Илијевски, поранешен шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал и баџанак на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков. Неговиот мандат завршува на 1 февруари 2026, но ќе му се продолжи до изборот на нов македонски судија.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе