Вести Македонија Најважни

Наредено нѝ е да останеме во хотел – Македонци во Тајван сведочат за предупредувањата од цунами по земјотресот на Камчатка

Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита од плима, струи, бранови и бури, добиле денеска сите жители на Тајван поради опасност од цунами по земјотресот со јачина од 8,7 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка. Како што сведочи за МИА Борче Пауновски, кој со своето семејство моментно е во Тајван, беспрекорна е организацијата кога станува збор за вакви природни катастрофи и елементарни непогоди поради што нема паника кај населението, ниту некој се чувствува загрозено.

„Денеска во 12 часот по локално време добивме предупредувачка порака за цунами. Тајванците не оставаат ништо на случајност. Најверојатно научени да живеат со ваквите појави, будно ги следат и превенираат. Се преземаат сите мерки да се намалат последиците од појавата. Од страна на Владата на Тајтунг, каде се наоѓаме во моментов, нѝ е наредено да останеме во хотел и да не излегуваме додека не добиеме порака дека тоа може да го направиме. Нема паника кај локалното население, а ние како странци овде само се надеваме дека ударот нема да биде од посериозни размери. За организираноста нема што да се каже. Беспрекорно е се. Тоа веќе го видовме во неколку случаи откако доживеавме два тајфуна со обилни врнежи од дожд. Исто како и сега, по добиените пораки само професионалните тимови се на терен“, вели Пауновски кој со двата сина е на самиот брег на Тајтунг, во Тихи океан.

Тој нагласува и дека никој од надлежните во Тајван не држи прес-конференции кога има вакви ситуации.

„Тука никој не држи прес-конференции за да покаже дека нешто работи, ниту лиферува информации и видеа како спасува луѓе од поплавени региони. Сите, без оглед на работна позиција, се на терен и се справуваат со состојбата. Така, веќе наредниот ден се е по старо. Водата е издренирана и сите патишта се проодни. Одроните и наносите заедно со паднатите дрвја комплетно расчистени. Како успеваат не ми е јасно. Количината на вода која падна за време на двата тајфуна е огромна. Сувите корита кои се огромни, сега се полни со вода“, објаснува Пауновски.

Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, а издадено е предупредување за цунами за целиот Курилски остров во Сахалинската област. Според првичните податоци од Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации во Сахалинската област, земјотресот со јачина од 7,9 степени е регистриран во 10:30 часот по локално време во Тихиот Океан, 360,9 км североисточно од Северо-Курилск. Подоцна, огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките објави дека, според различни проценки, јачината достигнала 8,7. Според научниците од академијата, ова е најсилниот земјотрес на полуостровот од 1952 година. Не се пријавени жртви или повредени, но имало штета во градинка во градот Петропавловск-Камчатски.

Камчатка се тресеше со 8,8 степени по Рихтер – силен земјотрес на рускиот далечен исток, наредена евакуација во Јапонија, првиот бран на цунами се очекува во секој момент на Хаваи

Околните земји се на „готовс“. Јапонија, Филипини, Индонезија и САД веќе издадоа наредби за евакуации поради опасност од цунами.

(Видео) Лекари останаа во сала да оперираат за време на земјотресот – први снимки како се тресеше Камчатка утрово

(Видео) Нагло повлекување на океанот кај Хаваи – евакуација на островот додека се движи цунами по земјотресот во Русија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе