Вести Македонија Најважни

Активни седум пожари, пристигнува странска помош за гаснење

Седум пожари на отворен простор сè уште се активни на територијата на државата, од вкупно 27 евидентирани во изминатото деноноќие. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), три пожари се под контрола, а 17 се целосно изгаснати. Пожарите зафаќаат предели со ниска вегетација, мешана и борова шума, главно во региони околу Прилеп, Македонски Брод, Кавадарци, Кичево и Малешевијата.

Во справувањето со огнената стихија се очекува меѓународна помош. Чешка ќе испрати хеликоптер, а Словенија испраќа тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема. Дел од терените се непристапни, а на некои локации, како во Бешиште, се слушаат детонации, поради што не се интервенира директно.

УХМР најави нестабилно и посвежо време со повремени врнежи, грмежи и северозападен ветер, што може да помогне во гаснењето.

Температурите денеска ќе се движат меѓу 27 и 35 степени. Властите апелираат до граѓаните да избегнуваат палење оган на отворено и да пријават сомнителен чад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе