Вести Македонија Најважни

Македонија го активираше ЕУ механизмот за цивилна заштита – бара помош од другите држави

Македонија го активираше ЕУ механизмот за цивилна заштита, бара помош од другите држави пред сè во воздухоплови, кои ќе помогнат да се изгаснат пожарите низ земјава. На отворено има 16 пожари, од кои осум се активни, шест се под контрола, а два се изгаснати. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција вели дека иако е активиран ЕУ механизмот не верува дека некоја соседна земја ќе може да испрати помош, бидејќи и Грција и Бугарија, го активираа овој механизам, а пак во Србија дневно има и по 200 пожари.

„Засега имаме најави за помош, и доколку таа е неопходна пред сè побаруваме во воздухоплови, бидејќи сили на земја сè уште имаме доволно. Но силите се исцрпени, бидејќи ова трае секојдневно. Исцрпени се и возачите на специјалните возила. Но верувам дека со својата пожртвуваност и максимална ангажираност ќе помогнат да воспоставиме контрола“ изјави Стојанче Ангелов директор на ДЗС.

Десеттина дена гори шума, висока, трева, нискостеблести растенија на планината Готен, на територијата на општините Радовиш, Берово и Василево. Пожарникари, вработени во Национални шуми, припадници на Армијата, доброволци огнот го гаснат со помош на пинцгауери, лопати, гребли, пумпи од земја, а со ер трактори и хеликоптери од воздух. Превентивна евакуација на население има во Крива Паланка и Беровско. Осум професионални војници, од кој еден повреден, кои биле опколени од огнот се спасен со помош на хеликоптерите.

Активни пожари има во Македонска Каменица, Крива Паланка, Старо Нагоричани, Прилепско, Македонски Брод, Желино, каде што има индиции дека некој контиунирано го подметнува. Директорот на ДЗС, Ангелова до граѓаните апелираше да внимаваат кога се движат во природа, да не палат оган на отворено, а во регионите каде што беснеат пожарите жителите превентивно да си ги заштитат домовите, со орање на површините околу куќите и сечење на дрвјата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе