Вести Македонија Најважни

„Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“ 16-ти Марш на ангелите во Кочани

Трагедија во кочанската дискотека „Пулс“ наместо да не сплоти и обедини, сите, за во иднина да не се повтори никогаш, таа ни донесе уште дополнителни удари од општествената структура во која живееме, политизација, апатија презир од одредени поединци, порачаа родителите на загинатите деца на 16 Марш на ангелите, кој секоја сабота почнува во 18.05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОКK кое ја води постапка за над 20-те полициски службеници до каде е постапката.

Главната порака на денешниот Марш, а испишана на транспарент им беше „Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“. Родителите и семејствата на загинатите деца денеска кои учествуваа на протестниот марш се револтирани што на овој марш имаше убедливо најслаб одзив од страна на граѓаните.

Инаку во тек е рехабилитацијата на трета група на повредени во одморалиштето на Пониква. Миниитерот за здравство, Алиу денеска од Штип најави дека се размислува да се гради Центар за протези во Скопје, а повредените млади луѓе ќе ја имаат поддршката од Владата и за наредните интервенции, кои им претстојат.

Родителите на настраданите деца во кочански „Пулс“ денеска им одадоа почит и на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе