Група доброволци од Берово, Пехчево и Делчево засега успеаја да спречат огнот да се префрли од радовишкиот кон беровскиот регион. Во моментов се распроредени и стражарат на повеќе локации со цел да спречат повторно да се распламтат огнените јазици.
Пехчевецот Александар Георгиевски со механизација успеал да направи голем засек на планината Готен и спречил проширување на огнот. Апелот кој градоначалникот на општината Берово синоќа го упати до граѓаните на социјалната мрежа „Фејсбук“ немал голем одѕив кај беровчани, и покрај тоа што голем дел од нив имаат таму имоти и приватни шуми. Затоа пак се одзвале голем број на доброволци од Делчево.
Општина Берово повикува доброволци да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот






