Велосипедската федерација на Македонија денеска со остра реакција на како што вели шпекулациите во јавноста поврзани со сообраќајниот инцидент во кој беа повредени двајца велосипедисти од репрезентацијата на Исланд, учесници на Европскиот младински олимписки фестивал.
Оттаму изразуваат жалење за несреќата но посочуваат дека велосипедистите од Исланд, самоволно се упатиле на тренинг надвор од утврдените термини и патеки, што е спротивно на добиените инструкции иако претходно им биле дадени јасни упатства според кои се предвидува со нив заедно да има и полициска придружба.
Дополнително, Федерацијата демантира и дека фотографијата на дете со скршена рака има каква било поврзаност со сообраќајниот инцидент. Објаснуваат дека станува збор за велосипедист од Литванија кој се повредил на тренинг на крос-кантри патеката во Куманово, пред почетокот на игрите.
Двајца малолетни велосипедисти од Исланд повредени откако во нив удрил автомобил во Куманово
