Вести Македонија Најважни

И „Вреди“ со кандидат за градоначалник на Скопје

Владејачката „Вреди“ ќе има свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, најави денеска министерот за животна средина, Изет Меџити. Не потврди дали тој самиот ќе се кандидира за градоначалник на Чаир ниту, пак, откри кои им се кандидати за останатите општини, освен дека ќе поддржат независна кандидатура за Струга.

Во изјавата по потпишувањето на договори со 33 општини за финансирање на инфраструктурни проекти, рече дека имињата на кандидатите од нивната партија ќе бидат познати во следните денови.

„Ќе имаме кандидат и во Скопје, но сите имиња ќе ги објавиме во следните денови, можеби и следната недела. Засега само е официјално дека ќе ја поддржиме независната кандидатура на Менди Ќира за Струга. Сите останати имиња, вклучително и за Чаир, ќе ги објавиме дополнително“ рече министерот Изет Меџити.

Од „Вреди“ ќе имаат свој кандидат и во Кичево, а во одредени општини ќе соработуваат и со ВМРО ДПМНЕ. Деновиве Меџити, кој беше градоначалник на Чаир од 2005 до 2017 година изјави дека, доколку во Чаир се кандидира Бујар Османи, повторно ќе се кандидира и тој.

Кандидатурата на Османи е веќе потврдена, што ја прави оваа општина епицентар на албанскиот политички судир на претстојните локални избори. ДУИ објавија кандидати и во Тетово и Желино а во останатите општини ги поделија кандидатите со партнерите од „Европски фронт“-Струга, Арачиново и Дебар со Алијанса на Села, а Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај со Алијанса на Таравари.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе