Вести Македонија Најважни

Колку ги почитуваме препораките за време на топлотниот бран?

Високи температури над 40-от степен, зголемен број на колапси, сообраќајни несреќи и интервенции на Итната медицинска помош. И додека Министерството за здравство и сите надлежни институции со апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за време на топлотнит бран и да не го потценуваат сопственото здравје без оглед на возраста дел од граѓаните велат дека мораат токму во најтоплиот период од денот да ги завршат обврските и колку толку тоа да го сторат делумно почитувајќи ги мерките. На пазарот Буњаковец раздвижено токму на пладне.

-Анкета на граѓани-

„Како што гледате не ги почитувам. Зошто ? Па затоа што имам многу работа, принудена сум, се ми е со рокови со банки, а да носам чадор нема шанси тоа не е мој стил и не ми е многу топло јас сум навикната сега одам до банка и до Капиштец таму живеам“ вели жителка.

„Да и под сенка, не е тоа толку далеку.  Па што да правиме не можеме да седиме сите дома, треба да не плаќаат, па ние ќе си седиме“ додава таа.

„Како не, еве носам шапка, се движам под сенки, а потребата дневна е тука. Некогаш нешто ни треба од сабајле некогаш на пладне. Ги почитувам препораките, но еве некогаш и екцесно треба да се излезе“ вели друга жителка.

„Некаде од 07:00 – 09:00 часот има една маса на луѓе и потоа не. Ги нема не доаѓаат се плашат“ вели граѓанин. 

-Но како е за вас пазарџиите бидејќи вие работите и на вака високи температури ?

„Тоа е релативно голема тема. На пример јас можам и 50 степени да издржам некои не можат ниту 20 степени. Се е до човекот, инаку претежно овде што сме можеме да издржиме на овие температури плус плехот горе. Земаме вода и успеваме некако“ додава тој.

Додека едните се навикнати да функционираат на изгор лето и кочан зима, некои пак мораат да ги завршат обврските, телефоните не стивнуваат во Итната медицинска помош.

„Најчесто, за жал оние ризични групи, за кои што константно апелираме дека треба да останат дома во овие топли денови и тие се оние кај кои што најчесто интервенираме. Воглавно се работи за лица над 70 годишна возраст кои колабираат. Имаме ситуации и со млади лица кои решаваат да спортуваат во ваквите периоди, мислејќи дека младоста може да компензира за топлите температури, но се случуваат електролитни дисбаланси, засилено потење, па имаме јавување и за млади лица, но бројот е дефинитивно најголем кај возрасните“ вели д-р Матеа Стојановска, Итна медицинска помош.

Зголемен е и бројот на јавувања кај психијатриските пациенти и тоа е особено изразено при нагла промена на температурата и влажност на воздухот. Затоа социјалниот круг на тие пациенти мора да биде силен давајќи им ја поддршката која и во вакви моменти им е најпотребна.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе