На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои:
5 се активни, 3 под контрола, 12 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пет пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Ресен – с. Покрвеник – с. Перово – с. Асамати – с. Наколец (трски и сува трева)
Во текот на вчерашниот ден три пожари биле ставени под контрола и тоа во Општина Желино – с. Желино према Еребино – планина Жеден, каде гореше нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација, потоа во Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, каде во пламен беа мешана нискостеблеста деградирана шума. и во Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица, каде се запали сува трева.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
