Вести Македонија Најважни

Се бањаат по роднини, немаат вода- проблем кој трае со години, но ескалира секое лето

Се бањаат и перат по роднини, вода за пиење си купуваат, а почале да јадат и во хартиени чинии бидејќи немаат вода ниту за миење садови. Вака живеат 68 куќу на улицата Аврам Писевски, во општина Чаир, населба која се наоѓа веднаш под Природно-математичкиот факултете во Скопје.

„Како се снаоѓаме, по роднини, по деца, купуваме туби вода, купување пакети за пиење, се тушираме каде што ќе стигнеме или со флаши.

– Перење?

Перење нема. Два месеци машината за перење не се пуштило. Не можеш ни да пуштиш машина на оваа вода. Стамуваме во два во три, собраме вода во флаши и перење во корито“, велат жителите од улицата Аврам Писевски.

Проблемот им трае со о години, но ескалира секое лето. И зиме немаат вода, но барем доаѓа поредовно во ноќните часови, но лете со денови, а сега дури два и пол месеци се без речиси капка вода. За целиот тој период само еднаш од ЈП „Водовод и канализација“ им испратиле цистерна со вода и тоа со ургенции.

„Од тука натаму куќите во некој период добиваат вода во текот на денот, секој втор-трет ден, не секој ден. Значи има денови кога воопшто не добиваат, а ние воопшто, значи воопшто вода не сме добиле.

– Дали сега има вода?

Не, не. Каква вода.  Ноќе нема. Кај мене нема. Се случува и по два три-дена и ноќе да нема капка“, велат шителите од улицата во општина Чаир.

Сагата на жителите на улицата Аврам Писевски започнуав пред неколку години кога општината почнува реконструкција на водоводната мрежа, но која без објасување запира пред крајниот, повисок дел од улицата.

„Во 2022 ‘Водовод’ побарал од Општина Чаир, го имаме документот, дека треба да се доврши инсталацијата, бидејќи почнавме да стануваме гласни и да прашуваме зошто не е довршена инсталацијата и зошто токму ние сме изоставени во целата работа. Од Општина Чаир даваат одобрени да почне ‘Водовод’ со работа. ‘Водовод’ две и кусур години молчи, не прави ништо, не презема ништо, значи на тоа завршува работата. Во 2024 година, бидејќи ние стануваме погласни оти проблемот секое лето со водата станува многу лоша, бара од ‘Водовод’ целиот процес да се врати кај нив, да им го предадат проектот, за Чаир сам да го реши проблемот. Тоа е се случува во август минатата година, 2024. До сега не е преземено ништо“, вели Александра Хаџи-Наумова Атанасовска, жителка на улица Аврам Писевски.

Телма се обиде денеска да стапи во контакт со ЈП „Водовод и канализација“, но и со надлежните во општина Чаир за овој проблем, но безуспешно. Надлежните институции играла пинг-понг и со жителите од улица кои барале одговор од нив, кој е виновен што немаат вода.

„До таму дојде работата да ескалира да од ‘Водовот’ ни кажуваат: ‘Не се јавувајте повеќе, не е наша работа, ние не може ништо да направиме, жалете се во општина. Во општина топаката ја прфлаат на ‘Водовод’, на Град Скопје“, вели Хаџи-Наумова Атанасовска.

Притосоците на жителите сепак делумно вродиле со плод, па откако се заканиле со тужби до надлежните институции, од опшитна Чаир на 7 јули добиле и писмен одговор дека пари за довршување на реконструкцијата се обебзедени, но без прецизирање кога таа ќе се спроведе.

„Откако Општина Чаир утврди дека ЈП “Водовод и канализација” нема намера да ја реализира реконструкцијата на водоводната мрежа за ул.Аврам Писевски поднесе барање со бр.09-1316 од 29.08.2024 год. до ЈП “Водовод и канализација” да му се достави Основниот проек, за да сама ја превземе обврската за реализација на овој проект.

Откако беше доставен проектот од страна на ЈП „Водовод и канализација”, Општина Чаир аплицираше до Министерството за Животна средина и просторно планирање, истиот проект е Одобрен за финансирање од страна на ова Министертсво и се очекува во најскоро време да се почне со реализација“, се наведува во одговорот од Општината.

А во меѓувреме на улицата Аврам Писевски на која живеат околу 200 деца, јасно е исцртана границата до каде има вода и од каде понатаму таа станува само желба.

И додека едните жители на таа улица мака мачат да одржат основна хигиена поради недостиг на вода, нивните сожители на само 50 метри од нив многу и не се загрижени за тоа, па водата која ја има во системот без усул ја трошат на миење скали, улици, а и за наводнување на тревници среде пладне.

Колку е проблемот голем покажува што и најмладите жители на оваа улица се оптоварени со него.

„Немам вода.

– За што ти го користат базенчето со вода?

Го полнат и во шоља ставаат“, се пожали еден од најмладите жители на улицата Аврам Писевски во општина Чаир.

Она што им останува на жителите на улицата Аврам Писевки е само надежта, дека во ноќта која доаѓа барем на час -два ќе протече вода низ нивните чешми или дека општинските власти ќе се смилуваат и наскоро ќе им го решат проблемот.

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе