Вести Македонија Најважни

Тврди партиски кадри и „тешка артилерија“ – кандидати за градоначалници за локалните избори

Партиите од македонскиот политички кампус ги открија своите адути за градоначалници за претстојните локални избори додека во албанскиот политички блок сеуште трае тактизирањето за тоа кој прв ќе соопшти кој кандидат ќе ги лови гласовите на граѓаните. Комбинаториките за поддршка меѓу коалициските партнери и од власта и од опозицијата се во тек исто како и преговорите и договорите кој, кого и каде ќе поддржи и дали ќе се оди со градоначалник или пак само со листа на советници.

Кога станува збор за ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ аналитичарите сметаат дека на локалните избори одат со тврди партиски кадри иако се очекуваше и поддршка на некој независен.

„Тоа можеби укажува дека ја сметаат борбата за предетерминирана па сакаат да устоличат некакво свое партиско влијание во општините. Истото важи за ВМРО ДПМНЕ кое има некаква покомотна позиција и е фаворит на изборите но и за СДСМ кои очигледно дека меѓу независни кандидати и кандидати кои би им се приближиле на неопределените се на повеќе места се одлучија за кандидати кои се тврдо партиско решение. Тоа можеби говори за некоја стратегија во овој период и таа е различна од таа кај албанскиот политички блок“, вели аналитичарот Петар Арсовски.

Соработка во владејачката коалиција, но и меѓу опозициските партии се очекува особено во вториот круг на локалните избори.

СДСМ можеби ќе си даде премолчана поддршка не толку јавна условно кажано со кандидатите на Левица онаму каде што каде ќе испаднат кандидатите на левица а ќе влезат на СДСМ и обратно. Согласно поларизираноста меѓу Левица и СДСМ тоа апсолутно јавно нема да биде презентирано како од типот на поддршката на ВМРО – ДПМЕН и ЗНАМ кои се официјално коалициски партнери во Владата. Но и СДСМ ќе мора во вториот круг на бара коалициски партнери од каде ќе треба да се црпат преостанатите гласови и левица доколку влезе а очекувам да влезе во бараж во вториот круг да мора условно кажано да бара поддршка но тоа ќе биде под маса, смета аналитичарот Благојче Атанасоски.

Аналитичарите предвидуваат далеку поинтересна и понеизвесна битка вај албанскиот политички кампус на локалните избори.  Тие очекуваат и „Европскиот фрон“ и „ВРЕДИ“ да излезат со највисоките коалициски функционер па дури и лидери на партии бидејќи исходот од изборите ќе ја дефинира политичката пролет.

Според Арсовски, Таравари и Села се сигурни кандидати на ДУИ и на сметка на самите кандидати од ДУИ, но како дел од стратегија.

„Мислам дека ДУИ има малку подолгорочна политичка стратегија и е подготвена да ги жртвува локалните избори за да добие добар резултат и со тоа да направи притисок дека ВРЕДИ е нелегитимена партија во власта и да се бори за нови предвремени парламентари избори на кои албанскиот партнер во Владата би се сменил. Мислам дека тоа е долгорочната стратегија на ДУИ и во таа смисла локалните избори за нив се важни како симболика. Чаир, се разбира, ќе биде најголемата борба бидејќи таму најверојатно ќе оди Бујар Османи и ако тоа се случи Изет Меџити ќе нема избор и ќе мора да ја напушти вицепремиерската функција. Мислам дека поинтересен судир и подефинитивен политички ќе биде кај албанскиот блок. Тој судир ќе дефинира како ќе изгледа нашата политичка сцена во наредните шест месеци најмалку“, додава аналитичарот Арсовски.

Атанасоски очекува ВМРО – ДПМНЕ со гласови да му помогне и на ВРЕДИ во борбата со Европскиот фронт.

„Де факто и коалицијата „ВРЕДИ“ и коалицијата „Европски фронт“ ја вадата тешката артилерија на „кандидати“. Доколку се остварат најавите Зијадин Села да биде кандидат за Струга како поранешен градоначалник и Арбен Таравари кандидат за Гостивар како поранешен градоначалник оди во насока дека коалицијата предводена од на Ахмети ги вади политички најтешките оружја со кои планира да го декласира ВРЕДИ. Но тука ја оставам можноста дека ВРЕДИ покрај тоа што има намален рејтинг кај гласачкото тело на етничките Албанци  веројатно ќе добие масовна поддршка од гласовите на ВМРО – ДПМНЕ во етничките средини каде ВМРО – ДПМНЕ има сериозен контингент на гласови“, изјави Атанасовски.

Засега официјална е кандидатурата на актуелниот градоначалник Касами и независниот кандидат Ќура во Струга зад кој се очекува да застане коалицијата ВРЕДИ.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе