Вести Македонија Најважни

Политичките партии да не се препукуваат за најголемата трагедија во земјава

Политичките партии да не се препукуваат за најголемата трагедија во земјава, која се случи на 16 март, а во која загинаа 62 млади  и над 200 беа повредени. Граѓаните  на социјалните мрежи да се воздржат од навредите кон родителите на загинатите деца.  Ставете се барем една секунда во наша кожа ова беше пораката на мајките пред зградата на судот и јавното обвинителство на 15 тиот марш на ангелите во Кочани.

-Како што гледам нема да излезе ништо на виделина. Секој сака само да не згази уште повеќе и да не понижи нас како родители. Зошто ова не е трагедија, ова е убиство на 62 деца, вели мајка на загинато дете во пожарот во „Пулс“.

-И треба да знаат сите дека ние не сме партиски определени. Ниту од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од ДУИ, ниту од Левица. И да не не ставаат во команетари одете овој ќе ви даде пари, оној ќе ви даде пари. Нашите деца со пари ние не ги враќаме. Пари има децата ни ги нема, вели мајка на починато дете во пожарот во „Пулс“

Семејствата на загинатите, кои се дел од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ денеска му се обратија на премиерот Мицкоски да се објават снимките од средбата на 7 јули, со цел да се утврди, дали биле прашани Одредите си цена за вашите деца. Побараа и на судењето за предметот „Пулс“ да присуствуваат и амбасадорите во земјава.

-Премиерот лично не праша, кажете која ви е цената? Нашите деца не се говда, не се стока не се ништо такво за тој да не  навредува така. Јас лично за мене ќе кажам дека за моето дете 21 година, загина. И 10 милини евра да ми даде не ми требаат. Нека си ги земе за него. Тој ни вети дека ако треба секоја сабота ќе доаѓа во Кочани тоа се негови збориви, јас ја зборувам само вистната, но каде е го немаше ниту на претходниот, ниту на овој марш, зошто не дојде?, вели родител на дете загинато во пожарот во Пулс.

-Најмногу не загрижува ситуацијата за судскиот процес кога ќе почне сега. Да видиме како ќе влијае судењето. Кога требаше да се прави рез на тој судско обвинителски ситетм поради проценот на довреба кај нас граѓаните. Имаше голем притисок, посебно од западот, од амбасадорите..сега ќе бараме ние тие амбасадори да присуствуваат и на судењето. И лично да слушаат и да гледаат како нашето судство ќе реагира, вели родител на загинато дете во пожарот во „Пулс“.

Волонтерите на Сапорт Кочани и на 15 тиот марш на ангелите им дадоа  поддршка на семејствата на загинатите. Остануваат на својата хумана мисија и во моментов чекаат дали државата ќе ги покрие трошоците на децата со најтешките повреди, изгореници од пожарот во кочанската дискотека.

Момнетално сме отворени за сите донации, стигаат креми, тоа им е потребно сега на децата. Чекаме да видиме кој ќе им помогне на најтешко повредените за третманот понатаму, естетските опрации, дали ќе оди и тој процес преку донации или преку државата. Ќе помагаме се додека е потребно, изјавија од Сапорт Кочани.

Родителите на загинатите деца на крајот на маршот порачаа дека дека не се партиски определени и се борат за правда, а не за политичките партии.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе