Над 200.000 дивоградби во 80 општини има во државава и ако не грешам, Гостивар предничи во албанските општини, изјави првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и ги повика институциите да дејствуваат насекаде и неселективно.
„Во земјава, во 80 општини, има над 200.000 дивоградби и ако не грешам, во албанските општини предничи Општина Гостивар. Јас ги повикувам институциите да делуваат секаде каде има недозволено и незаконско градење. Институциите треба да се остават да дејствуваат насекаде, но не селективно, како што имаше интенција од градоначалничката“, истакна Меџити алудирајќи на градоначалничката на Град Скопје.
(Изјавата на Меџити е после 10.15)
На новинарско прашање во врска со кандидатурите за градоначалници за претстојните локални избори, Меџити посочи дека коалицијата „Вреди“ до овој момент донела одлука да даде поддршка на независната кандидатура на Менди Ќира за градоначалник на Струга.
„Ние во ВЛЕН до овој момент одлучивме само за кандидатурата за градоначалник на Струга каде го поддржуваме независниот кандидат Менди Ќира. Воедно, ги очекуваме резултатите од анкетите од професионални агенции кои ќе ни дадат насоки и ориентација затоа што ние како ВЛЕН сакаме да ги понудиме најдобрите и најквалитетните кандидати за градоначалници во секоја општина кои ќе ја потврдат големата победа на ВЛЕН и на локалните избори како што беше на претходните парламентарни избори“, посочи првиот заменик претседател на владата, Меџити, потенцирајќи дека за сега одлучено е само за Струга, а се друго е на маса.
