Вести Македонија Најважни

Две недели без вода во државна институција

Заклучена врата од тоалет со натпис „Забранет влез за сите“ речиси две недели стои на еден од катовите во зградата на МРТВ, каде е сместена Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Причината за тоа е што немаат вода. Вработените се жалат дека во услови на пеколни температури се принудени да работат со скратено работно време.

„Агецијата е сместена во зградата на МРТВ. Последниве две недели се соочуваме со проблемот немање вода и поради тоа имаме потешкотии во секојдневното работење. Никако не може да се снајдеме во овие околности. Нема вода и мораме да работиме со скратено работно време и да пиеме флаширана вода“, кажа Едита Мурина Сулејмани, вработена во Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. 

Немаат можност ниту да одат во тоалет, ниту да користат вода за основни потреби. Принудени се да носат флаширана вода, а за тоалет да се снаоѓаат во долните катови или да излегуваат до најблиските трговски центри.

„Имаме голем проблем. Тоалетите се затворени затоа што не може да ги користиме бидејќи нема вода. Се снаоѓаме кој како умее. Обично одиме во подолните катови каде што има вода, односно приземје и први кат, а доколку и таму не може одиме во најблиските трговски центри. Тешко е во 21 век речиси две недели да нема вода и да нема никаква рекација од соодветната институција. Лето сме со температури од 40 степени ние немаме вода, тоалетите се затворени, а има и опасност од инфекција“, објасни Дејан Јадровски, вработен во Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека проблемот не е до нив, туку до внатрешните пумпи во објектот. Тие веќе двапати биле на терен и потврдиле дека водоснабдувањето од нивна страна е во ред.

„Екипите на ЈП Водовод и канализација излегоа на терен и за зградата на Македонска телевизија канстатираа дека во зградата има хидрофорни пумпи кои се после трет спрат на зградата и затоа е потребно самите корисници  да превземат активности за зголемување на нивниот капацитет.Внатрешната инсталација на зградата не е во надлежност на ЈП Водовод и канализација“, известија од ЈП „Водовод и канализација“.

Вработените очекуваат што побрзо да ги имаат основните човечки услови за работа.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе