Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска била е нападната во скопската општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи.
„На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А. Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на улица Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во Градската општа болница ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.
