Вести Македонија Најважни

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Во изминативе неколку недели овие институции ни ја потрошија и последната тронка надеж и доверба, порачаа семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со семејствата на загинатите млади луѓе од кочанскиот регион денеска протестираше и семејството на Ѓоко Георгиевски тапанарот на групата ДНК. Неговиот татко со болка и голема лутина им се обраќаше на надлежните институции, бидејќи не е задоволен ниту од истрагата, ниту пак од институциите. Ги искина и писмата кои му ги испратиле претседателката Гордана Силјановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.

На министерот Тошковски му забележа дека има полицајци кои само кафиња пијат, а крадците кои имаат украдено лични предмети на неговиот син од неговото вечно почивалиште, тој самиот ги фатил. Побара и оставки на функционерите на актуелната власт.

Родителите и блиските на загинатите додека маршираа низ улиците во Кочани извикуваа сакаме правда.

Пред зградата на полицијата на министерот Тошковски и обвинителот Коцевски им порачаа дека им должат одговор како е можно полицијата да прави акциска контрола во објект кој воопшто не смеел да работи, објект кој во моментот немал никаква валидна лиценца, никаква дозвола, а имал и блокирана сметка од УЈП. Револтирани беа што полициски службеник ги снимаше додека говореа пред полициската станица во Кочани.

Истоштени од болка и лутина мајките пред обвинителство клекнаа и седнаа. Во говорот пред судот потенцираат дека како мајки сакат да си ја смират душата, а кога ќе отидат на гробовите на своите деца да можат да и им кажат виновниците се зад решетки, барем правдата ја задоволивме !!

Ова не само трагедија. Ова е повик за будност. Повик за одговорност порачаа родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“. Најавија дека на протест ќе отидат и во Скопје. Во најголемата трагедија во земјава загинаа 62 млади луѓе, а 200 беа повредени

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе