Вести Македонија

Отров под нозете на граѓаните – линданот чека, а пари нема

Линданот не е темпирана бомба во срцето на Скопје туку таа бомба одамна е активирана, предупредува Александар Мицковски од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи. Според него, расчистувањето на опасниот отпад е запрено поради недостиг на финансиски средства. Потребни се околу осум милиони евра за целосно отстранување на депониите. Тој се надева дека дел од овие пари ќе бидат обезбедени преку британски кредит.

„Околу триесет тони на ден можат да се спремат за транспорт. Овде има педесет илјади тони и кога ќе се поделат на триесет. Тогаш за година ипол до две ќе се исчисти депонијата“, изјави Александар Мицковски, Канцеларија за неразградливи органски загадувачи.

Лекарите предупредуваат дека линданот го напаѓа централниот нервен систем, а најголем ризик има кај децата и бремените жени.

„Линданот е особено опасен ако детето уште како фетус биде изложено на високо ниво на линдан, вели Мирјана Димовска, Институт за јавно здравје.“

Линданот е еден од најопасните пестициди, кој денес е забранет во многу земји поради своето канцерогено дејство, биоакумулација и долготрајност во животната средина. Во ОХИС со години бил складиран и користен без адекватна контрола, со што денес претставува сериозна закана по здравјето на граѓаните предупредуваат лекарите.

Според експертите, доколку не се преземат итни мерки, штетата од оваа еколошка криза ќе продолжи да се зголемува.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе