Вести Магазин Македонија

Скопје од плановите на Кензо Танге, ората на Танец и владина делегација на ЕКСПО 2025 во Јапонија

Стотици посетители на ЕКСПО 2025 во Јапонија, ги видоа макетите од плановите на архитектот Кензо Танге за изгледот на постземјотресно Скопје и националните ора на Танец, се гледа од снимките кои владината прес служба ги достави до медиумите.

Во снимено видео обраќање, портпаролката на владата Марија Митева посочи дека на светската изложба денеска учествувала владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.

-Силен впечаток остави точката и настапот на националниот ансамбл Танец кои го отворија денешниот ден. Македонскиот павилјон изобилува со традиционални изложби, но најсилно и најголеми внимание зазема токму онаа на јапонскиот архитект Кензо Танге кој го има проектирано Скопје после земјотресот во 1963 година, порача Митева во обраќањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Да не го напуштаат живеалиштето, да им се одземат пасошите“ – Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројцата тепачи на малолетно момче во Маџари

Дејан Дејан

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

Aпсурди во МЕПСО: Казнета фирма е наградена со проект за енергетско поврзување со Албанија, велат од ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе