Вести Најважни Свет

(Видео) Руски напад врз Киев со балистички проектили – најмалку едно лице загина

Русија утрово изведе напад со балистички ракети врз Киев, објавија украински официјални претставници.

„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изведе ракетен напад врз Киев и неговата околина“, напиша Андреј Јермај, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најмалку едно лице е убиено, како и дека се избиле пожари на неколку станбени и нестанбени објекти.

Повеќе лица се повредени, меѓу кои и 9-годишно девојче во областа Оболон, откако ракета погоди деловен објект, изјавија од Државната служна за итни сиктуации. Двајца повредени завршија во болница.

Предупредувањето за воздушен удар се огласи пред самиот почеток на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела навреме да го детектира со помош на радар. Официјално сè уште не е познато каков тип на ракети користеше руската војска во оваа прилика. Прелиминарните извештаи укажуваат дека кон главниот град на Украина се истрелани четири балистички проектили, пишува Киев Индепендент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе