Вести Македонија Најважни

Коцевски: Нема ништо незаконско во моето постапување со Вишото јавно обвинителство, владата ги немала сите точни информации

Нема ништо незаконско во мојата работа, а одлуката на владата за поведување на иницијатива за мое разрешување е водена од неточни информации, тврди државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во писмена изјава.

Според него, распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, бил со важност до 31.12.2024 година. Согласно тој распоред, лицата определени за негови заменици го имале статусот на заменик до истекот на распоредот на 31.12.2024 година.

Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година, пак, е донесен од обвинителот Цветановски во јануари, во момент кога немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

„Тоа значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство. Со потврдување на одлуката за суспензија и на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје“, се наведува во писмената изјава на Коцевски.

Во неа, државниот јавен обвинител укажува дека не е првпат да се постапува на овој начин и објаснува дека приоритет во случајот бил да се определи раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје кој ќе биде гарант за непристрасното, професионално и објективно работење на обвинителството до завршување на дисциплинска постапка за обвинителот Хајрулахи.

Тој појаснува дека не станува збор за назначување на в.д. виш јавен обвинител, туку за определување на времен раководител на вишото јавно обвинителство Скопје. Коцевски уверува дека неговото постапување во случајот, како и во целокупната негова работа е согласно закон, со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Големи протести во Белград

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и локална нестабилност – Временска прогноза за 16.3.2025

Дејан Дејан

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе