Вести Економија Топ вести

Четири милиони евра за струја за една недела – цех на ЕСМ за набавениот енергенс за првата седмица од февруари

Околу четири милиони евра го чини ЕСМ набавената струја, потребна само за првата недела од идниот месец. Се набавуваат над 25.000 мегават часови за целосно да се покријат потребите.  Цената за мегават е над 150 евра.

Парите одат во џебот на неколку трговци. Меѓу нив е и компанијата „Протергија Енерџи ДООЕЛ“ преку која ЕСМ набавува јаглен од Грција за потребите на РЕК Битола. Оваа фирма е истата со која соработуваше и претходната Влада.

Тогаш податоците покажуваа дека станува збор за фирма која е во сопственост на грчка компанија „Протергија“, која пак е фирма ќерка на „Митилинеос“, компанијата која минатата година беше во фокусот на јавноста, затоа што имаше статус на стратешки инвеститор и сакаше да гради централа во Скопје, проект кој дел од домашните експерти го оценија како штетен за државата.

Паралелно, од податоците на статистика може да се види дека паѓа и производството, а увозот на електрична енергија во ноември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемен за околу 50 проценти. Од бројките на статистичарите може да се види дека производството од термоцентралите во овој период е намалено за 3,7 отсто.

Инаку, за месеците ноември, декември и јануари од извештаите може да се види дека потрошени се, речиси, 50 милиони евра за набавка на над 320.000 мегават часови.

Само за споредба, оваа сума е нешто повеќе од половина од долгот кој ЕСМ го има кон банките од кои зема кредит.

Производствената цена на ЕСМ е над 100 евра, но за домаќинствата се испорачува по 62 евра за мегават. Сега, ваква цена бараат некој од јавните комунални претпријатија, но проблем имаат и болници и училишта, кои заради недомаќинско работење плаќаат за 50 отсто поскапа струја. Сè уште се одлучува дали и како да им се помогне и дали тоа може да го издржи ЕСМ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе