Вести Најважни Свет

Зеленски: САД продолжува со воената помош за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека директивата на американскиот државен секретар Марко Рубио за замрзнување на финансирањето на речиси сите програми за странска помош во следните 90 дена не значи запирање на испораката на воена помош за Украина.

По средбата со молдавската претседателка Маја Санду која се одржа вчера во Кишињев, изјави дека за разлика од Украина Русија не сака крај на војната и побара на евентуалните преговори да бидат вклчени и САД и ЕУ.

Зеленски е дециден дека воената помош продолжува, според првичните информации директивата на државниот секретар Рубио вклучува конкретни исклучоци за Украина во рамките на невоените програми.

„Денес сè уште не сум подготвен да зборувам за тоа. Знам дека има некои ограничувања. Треба да ги разгледаме деталите. Ограничувањето од 90 дена за хуманитарни програми, знам. Има голем број институции низ светот кои претходно беа поддржани од владата на Соединетите Американски Држави. Не го знам ова, не ги гледам овие пари. Можам само да кажам дали Украина може да го добие и дали сум вклучен. Фокусиран сум на воена помош, не е запрена, фала богу“, рече Зеленски.

Од почетокот на војната во февруари 2022 година САД испорачаа воена помош во вредност од 66 милијарди долари.

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот ја потпиша извршната наредба со која САД се повлекува од Светската здравствена организација, од СЗО изразија загриженост но и надевање дека САД ќе ја преиспитаат својата одлука. Истовремено со интерна наредба во СЗО е најавено штедење и преиспитување на приоритетите бидејќи организацијата го губи најголемито донатор.

Американскиот Стејт Департмент во петокот одлучи да ја замрзне распределбата на средствата за речиси целата американска помош во странство, со исклучок на хуманитарните програми за испраќање храна и воена помош во Израел и во Египет. Сеопфатната наредба суспендираше бројни проекти кои помогнаа на глобално ниво во сегментите на здравство, образование, развој, обука за работа и во други области што предизвика бурни реакции кај голем број на организации кои зависат токму од оваа помош. Во 2023 година висината на помошта на САД за овие проекти изнесуваше околу 60 милијарди долари.

Во наредбата се наведува дека „никаква дополнителна американска странска помош нема да биде исплатена на начин што не е целосно усогласен со надворешната политика на претседателот на САД“. Понатаму, забранува понатамошно трошење на владата за постоечките програми, што значи дека тие можат да се спроведат само со готовина што е веќе достапна.

Во периодот од 90 дена, колку што трае замрзнувањето, Стејт департментот ќе направи ревизија на илјадници американски програми за помош и ќе одлучи кои може да продолжат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе