Општина Карпош објави дека добиле одлука од Управниот суд според која велат дозволата за градба на 17 катницата кај комплекот болници била законски издадена. Управниот суд пресудил дека неправилно и незакоски е тоа што Конзерваторскиот центар Скопје го поништил своето претходно конзерваторско мислење. Причина за тоа, според Карпош, е што во правниот промет не можат да постојат два правни акта, т.е. две конзерваторски мислења донесени по исто барање, но со сосема различна содржина и притоа да произведуваат различни правни дејства.
– Затоа второто, (негативното конзерваторско мислење) по службена должност мора да биде повлечено од правниот промет од страна на НУ Козерваторски центар – Скопје, од причини што ваквото постапување на органите сериозно ја доведува во прашање правната сигурност на сите правни и физички лица во РСМ, тврдат од Карпош.
Реагираа од независни за Карпош со обвинување дека Управниот суд ја аминува корупцијата
-И која е пораката? Слободно корумпирајте и вршете криминали, мора да се заштити правото на профит на поединецот, тоа е НАЈГОЛЕМОТО ПРАВО во државава, какво право на здрава и хумана животна средина. Судијата го потврдува НЕЗАКОНСКОТО и КРИМИНАЛНО решение под превез на ПРАВНА СИГУРНОСТ, а другото ЗАКОНСКО не го уважува. Инаку, општина Карпош која НЕ Е СТРАНКА во спорот ја има пресудата, а адвокатот на тужениот уште ЈА НЕМА добиено. Зборувај ми за правда потоа, напишаа на фб од Независни за Капрош.
Конзерваторското мислење беше поништено на 21.2.2024 година бидејќи не е во согласност со Правилникот за формата и содржината на образецот на конзерваторското мислење и за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на конзерваторското мислење („Службен весник на РМ“ бр. 109/16).
Првото решение беше вратено назад во првостепена постапка во Конзеарвторскиот центар кој го поништи и донесе ново. Беа утврдени и други неправилности во постапување на надлежностите.
– Не се одолговлекуваше постапката, затоа што друга надлежна установа е Управата за заштита на културно наследство и тие беа директно повикани од Државниот управен инспекторат да извршат надзор во Конзерваторски. Тие инспектори од засега непознати причини, не излегуваа на терен, дури вчера излегоа. Она што беше во наш домен ние тоа го завршивме, посочи тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчева.
Инвеститори на зградата се Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и до Друштвото за градежништво, трговија и услуги ДЕЛТА 2015 КОНСТРАКШН. И покрај промената на одлуката, тие продолжија со изградбата на зградата, па за градилиштето во еден момент узурпираа и користеа и туѓ имот.
Од О2 коалицијата го покренаа прашањето за нелегално издадено решение за градба лани во јануари.
-После три месеци од издавањето, уште е важечко криминалното позитивно конзерваторско мислење издадено од поранешен директор кој е во притвор како соучесник во злосторничко здружение и ниту една институција не постапува по поднесените претставки за запирање во целост од негово извршување и барања за огласување на ништовно, реагираа од еко-организацијата „О2 Иницијатива“ за парцелата кај Воена болница во скопската општина Карпош.
Решението на конзаерваторскиот центар беше поништено и донесено ново, но сега и тоа второ решение не е важечко според го поништи Управниот суд.
Најголем проблем е што со изградбата на зградата ќе се оневозможи пристап до хелиодромот пред градската болница „8-ми септември“ и клиниката Жан Митрев.