Вести Економија Топ вести

Инфлација во декември 4,4%, се мереше само половина месец со намалената потрошувачка кошница- зеленчукот со најголемо годишно поскапување

Годишната инфлација повторно скокна. Според, статистика во декември лани во однос на декември 2023 изнесува 4, 4 отсто, цените пак во трговијата на мало се зголемени за 4, 3 проценти.

Од извештајот може да се види дека кај храната најголемо поскапување за една година имало кај заленчукот од над 12 проценти. Кај минерална вода, безалкохолните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук растот е над 15 проценти, кај маслото 11, 7 отсто, а кај млекото, сирењето, јајцата пак е над 7 отсто. А кај кафето, чајот и какаото поскапувањето е 11, 5 проценти.

Веќе втор месец по ред инфлацијата расте. Властите воведоа и кошнички за да го намалат притисокот, но со последната –  новогодишната работите излегоа од контрола. Едни цени се намалија, но други производи значително  поскапеа.

Сега, се чека да се види како ќе се однесуваат трговците, производителите, и добавувачите и дали ќе има потреба од замрзнување на цени и маржи затоа што претходно  со новогодишната кошничка не се донесе одлука на Влада. Кошничката беше креирана со даден збор од сите три страни кои учествуваат во формирање на цените, но зборот многу бргу го погазија, поради што властите побараа да ги вратат цените и предупредија -ако повторно го сторат истото дека  ќе се воведат поригорозни мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе