Вести Економија Топ вести

Граѓаните повеќе не можат да се изненадат од цените, се навикнаа на скапотијата

Секој празник иста прикаска. Малку пари, високи цени. Граѓаните ги прават последните подготовки за Божиќ и Бадник. Велат скапо е но, не се изненадени, затоа што со истото се соочуваат речиси секој ден. Се обидуваат со парите со кои располагаат да купат се што е потребно за да ја наместат трпезата.

Од обиколката која ја направивме на неколку места можеше да се види дека цената на костените речиси секаде се движи од 180 до 200 денари, килограм ореви околу 600 денари толку достигнува и цената за килограм смокви и сливи, а на урмите до 1.000 денари. Цената за килограм  портокали се движи од 60 до 100 денари, во зависност од каде се увезени, цената на мандарините стига и до 120, а на  јаболката околу 60 денари. Килограм тиква е околу 40 денари. Едно бадниково гранче чини  од 50 до 70 денари

Со високите цени и скапотијата граѓаните се соочуваат веќе подолго време. Властите одлучија со кошнички да го намалат притисокот од цените. Па, така се донесоа две едната есенска, другата новогодишна која се донесе со даден збор. Но, зборот очигледно не се оддржа. Едни производи ги поевтинија, но кај други ги зголемија цените. Дека се случи нов ценовен шок, покажа и статистиката, која во ноември измери инфлација од 4, 3 отсто во однос на ноември 2023 година.

Но, властите кои им веруваа на зборот не можеа да ги казнуваат затоа што немаше одлука, туку само ветување. Па, им остана да побараат да ги вратат цените и да ги предупредат – ако го сторат тоа повторно дека  ќе се воведат поригорозни мерки. Сега,  се чека да се види како ќе се однесуваат трговците, производителите и добавувачите  и дали ќе има потреба од замрзнување на цени или маржи.

Производителите на месо од пред 6 месеци ја намалиле цената за жива мера и полутка, а каква е цената во малопродажба зависи единствено од волјата на трговците. Месото кое излегува од фармите и кланиците е со цена од 340 до 400 денари за килограм прасечко. За Tелма, производителите посочуваат дека цената ја одредиле со најниска моќна заработувачка за на големо, со оглед зголемените трошоци за производство и намалениот добиточен фонд од година во година.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе