Вести Македонија

Пресудата за случајот „Беса транс“ е укината – предметот е вратен на повторно судење

Поништена е затворската пресуда за Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транс, чиј автобус се запали во Бугарија и во него изгореа 45 луѓе меѓу кои и десетина деца. Скопскиот апелациски суд ја поништи првостепената пресуда за 20 месеци затвор бидејќи се утврдени фактички грешки во наводите на пресудата и обвинителството. Судењето сега ќе почне одново во кривичниот суд.

Хаџиу и фирмата Беса Транс беа обвинети за фалсификување на јавна исправа односно дека за изгорениот автобус никогаш не извадиле лиценца за транспорт надвор од границите и дека наместо сопствен извод било користен извод од лиценца за друг автобус.

Кривичниот суд ги осуди, но Апелација утврди дека има грешки во наведеното време на извршување на делото и во бројот на користење на тој „позајмен“ извод. Обвинителството тврдело дека кобниот автобус 20 пати излегувал од Македонија со туѓи изводи од лиценца, а Апелација утврдила само 10 пати.

Апелација препорачала и во обвинението и пресудата прецизно да бидат наведените дејствијата за кои е обвинета фирмата Беса Транс. Неспорно е дека е користен извод од лиценца која не припаѓа на автобусот кој се запали, но не е утврдена точна фактичка состојба, ни рекоа од Апелацискиот Суд.

Одбраната поднесе жалба бидејќи сметаше дека станува збор за фалсификат на документ затоа што според нив, за да има фалсификат некој мора да креира лажна исправа, а во случајот со Беса транс не се случило.

Пред три години се случи сообраќајна несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“ каде загинаа 45 лица. Автобусот на проблематична кривина на автопатот Струма удри во гранична банкина и потоа заврши на средина на патот каде се запали и изгоре.

Бугарија не најде одговорност во никој и истрагата посочи дека возачот на автобусот бил одговорен за излетувањето од патот по што автобусот се запали.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе